23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Основни информации

Здружение на осигурувањето


Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија беше конституирано на 22.02.2005 година, со заемна едногласна одлука на тогаш актуелните друштва за осигурување. Денес во него доброволно членуваат сите 15 друштва за осигурување, како и друштва од вториот столб на пензиското осигурување.

Клучната улога и функција на Здружението на осигурувањето е да ги обедини ставовите и мислењата на сите осигурителни друштва, со цел активно присуство и партиципирање во актуелните прашања или проблеми, од сите аспекти кои директно или индиректно имаат влијание на осигурителната дејност или би можеле на каков и да било начин да влијаат на работата на осигурителните друштва и клиентите.

Почитувајќи ги Правилата за организацијата и начинот на работа, Здружението има Управен одбор како орган на управување. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здружението. Здружението има заменик-претседател, кој, по овластување на претседателот, раководи со состаноците на Управниот одбор.

На седница на Здружението на Осигурување одржана на 17.05.2010 за претседател на Здружението беше избран г-динот Трајче Латиновски, главен извршен директор на Триглав Осигурување ад Скопје а за заменик претседател е избрана г-ѓа Весна Ѓорчева од QБЕ-Македонија осигурување и реосигурување, ад Скопје.

На седницата на Здружението на осигурување одржана на 08.07.2013 година поради организациски промени кај досегашниот претседател, согласно Правилата на работа на Здружението, за нов претседател беше избран г-динот Ило Ристовски, главен оперативен директор на Сава осигурување ад Скопје.

По завршување на мандатот на г-динот Ило Ристовски, во јуни 2015 година за претседател на Здружението беше избрана г-ѓата Рената Варга Мицева од Винер осигурување АД Скопје, а за потпретседател г-ѓата Весна Ѓорчева од Осигурување Македонија АД Скопје. 

Здружението на осигурување за мандатниот период 2015-2020 година го избра својот претставник во Собранието на Стопанската комора на Македонија од Еуролинк осигурување АД Скопје, г-динот Дарко Атанасовски.

Во работата на Здружението на осигурување активно учество земаат сите осигурителни компании во Република Македонија. Во 2016 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 15 осигурителни друштва, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, додека 4 осигурување на живот. Нивниот број се зголемува во последните години што укажува на фактот дека има интерес за инвестирање од домашни и странски компании во овој сектор. Исто така, во оваа дејност функционираат 33 осигурително брокерски друштва, што упатува на атрактивноста на осигурителниот пазар, 14 друштвата за застапување, 3 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување; 469 лиценцирани брокери и 1.065 лиценцирани застапници во осигурување.

Осигурително брокерските друштва се здружени во Асоцијација која делува во рамките на Комората согласно нивниот интерес на здружување.

Во дејноста осигурување функционира и Национално биро за осигурување.
Регулатор на осигурителната дејност е Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Здружението на осигурување работи согласно актите на Комората и согласно Правилата за организација и начинот на работа на Здружението.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : м-р Милена Перчинкова
Тел: (02) 3244040 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса:milena@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права