Известување на прифаќање на новите електронски издадени уверенија за движење EUR 1 од Турција
➢ Актуелно (04.07.2020)
👁 Прочитано: 2585



Известување на прифаќање на новите електронски издадени уверенија за движење EUR 1 од Турција

Почнувајќи од 01.07.2020 година, а заради настанатата криза со CoViD19, царинските органи на Турција имаат нов начин на електронско издавање и заверка на уверенијата за движење ЕУР.1 и ЕУР-МЕД преку системот МЕДОС.

Согласно новиот систем сé додека трае кризата со CoVid19 електронски издадените и заверени уверенија за движење ЕУР.1 и ЕУР-МЕД,во рубрика 11 нема да имаат потпис од царински орган. Потписот како задолжителен податок во рубрика 11 на уверенијата ќе биде заменет со отпечатен линк (вертикално на десната страна на образецот) и бар код.  
Со поврзување на интернет на овој линк или со скенирање на бар кодот со мобилен телефон може да се провери веродостојноста на податоците на издадениот документ како што е објаснето на сликата во известувањето.

Напомена: во изгледот на печатите што се користат за заверка нема промена.

Служба за информирање при Комората